13. Ар-Рад
1Елиф-лам-мим-ра. Ова се ајети од Книгата! А тоа што ти се објавува од Господарот твој е вистина, но мноштвото луѓе не веруваат
2Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сè и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете
3Тој Земјата пространа ја стори и на неа неподвижни планини и реки создаде и од секој плод по пар, машко и женско даде; тој денот го покрива со ноќ. Тоа се навистина докази за луѓето кои размислуваат
4На Земјата има предели кои едни со други граничат и градини има со лоза засадени, и ниви, и палми со повеќе изданоци и само со еден; иако ја впиваат истата вода, плодот на едните го правиме повкусен од другите. Тоа се навистина докази за луѓето кои имаат памет
5А ако се чудиш, а чудо се зборовите нивни: „Зарем навистина кога земја ќе станеме, повторно ќе бидеме создадени?“ Тие во Господарот свој не веруваат, на нивните вратови синџири ќе имаат и тие жители на џехеннемот ќе бидат, во него вечно ќе останат
6Тие од тебе го избрзуваат злото пред доброто, а имаше казни и пред нив. Господарот твој на луѓето им простува и покрај нивната неправда, но Господарот твој, навистина, и стравично казнува
7А тие што не веруваат велат: „Зошто Господарот негов не му испрати чудо?“ Твое е да опоменуваш, а секој народ го имал тој што на Вистинскиот пат го упатувал
8Аллах знае што секое женско носи и што матките пократко, а што подолго носат; кај Него сè има мерка
9Тој го знае невидливиот и видливиот свет, Тој е Величествениот и Возвишениот
10За него е еднаков секој од вас: тој што зборува тивко и тој што тоа гласно го прави, тој што во ноќта се крие и тој што преку ден оди
11Со секој од вас се мелеците, пред него и зад него, по Аллаховата наредба над него бдеат. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени. А кога Аллах сака еден народ да казни, никој не може тоа да го спречи, освен Него му нема заштитник
12Тој ви ја покажува молњата, за да се исплашите и да се надевате, и Тој ги создава тешките облаци
13И грмежите Го величаат и Му заблагодаруваат, а и мелеците, од стравопочит кон Него; Тој ги испраќа громовите и со нив удира кого сака; тие повторно расправаат за Аллах, а Тој може сè
14Молитвите се само за Него. А тие на кои покрај Него им се молат, нема да им се одѕвијат, како што ни водата нема да стигне во устата на тој што кон неа само дланките своите ги пружа; молитвата на неверниците е изгубена работа
15На Аллах, чинејќи сеџда, Му се покорува сè што е на небесата и на Земјата, сакале или не сакале, а и сенките нивни, наутро и приквечер
16Кажи: „Кој е Господар на небесата и Земјата?“ – и одговори: „Аллах!“ Кажи: „Па зошто тогаш наместо Него како заштитници сте ги прифатиле тие што не можат самите себеси никаква корист да си направат ниту од себе некаква штета да отстранат?“ Кажи: „Зарем се еднакви слепецот и тој што гледа, или, зарем се исти темнините и светлото, или зарем тие што Му ги здружуваат на Аллах создаваат како што Тој создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: „Аллах е Создателот на сè и Тој е Единиот и Семоќниот.“
17Тој го спушта дождотоднебото, пареките течат низ коритата сомерка и водата ги носи отпадоците кои пливаат по површината. И тоа што луѓето го топат на оган со желба да добијат накит или орудије исто така има отпадоци, слични на тие. Така Аллах го наведува примерот за вистината и невистината: отпадоците се исфрлаат, додека тоа што им користи на луѓето останува на земјата. Ете така Аллах ги објаснува примерите
18На тие кои на својот Господар ќе Му се одѕвијат им припаѓа најубава награда; а на тие кои нема да Му се одѕвијат – кога сè што е на Земјата би било нивно, и уште толку, со задоволство со тоа би се откупиле. Нив ги чека мачно полагање на сметката, престојувалиштето нивно ќе биде џехеннемот, а тој е грозна постела
19Зарем тој што знае дека е вистина тоашто ти сеобјавува од Господарот твој е како тој што е слеп? А поуката само обдарените со разум ја примаат
20Тие коиобврската кон Аллах ја исполнуваат инего кршат ветувањето
21и тие кои го почитуваат тоа што Аллах наредил да се почитува и од Господарот свој се плашат и од мачното полагање на сметка стравуваат
22И тие што трпат копнеејќи за Лицето на Господарот свој, и тие што намазот (молитвата) го извршуваат, и од тоа што им го даваме и тајно и јавно даваат, и кои на злото со добро враќаат – нив ги чека најдоброто престојувалиште
23Еденски градини во кои ќе влезат и тие и родителите нивни и жените нивни и потомците нивни – тие што биле честити – мелеци ќе им влегуваат на секоја врата
24Мирот нека е со вас, затоа што трпевте, а прекрасно ли е најубавото престојувалиште
25А тие што не ги исполнуваат должностите кон Аллах, иако за тоа цврсто се обврзале, и го кршат тоа што Аллах наредил да се одржува, и прават неред на Земјата – нив ги чека проклетството и најлошото живеалиште
26Кого сака, Аллах го снабдува во изобилство, и му ускратува. Тие му се радуваат на животот на овој свет, а животот на овој свет спoред оној свет е само минливо уживање
27Неверниците велат: „Зошто од Господарот негов не му е испратено чудо?“ Кажи: „Аллах остава во заблуда кого Тој сака, а кон Себе го упатува тој што покајнички Му се обраќа.“
28Тие штоверуваат и чиишто срца, кога Аллах ќесе спомне, се смируваат – а срцата навистина, кога Аллах ќе се спомне, се смируваат
29На тие што веруваат и што прават добри дела – блазе си им, нив ги чека прекрасно живеалиште
30И така те испративме на народот пред кого биле и исчезнале други народи, да им го кажуваш тоа што ти го објавуваме, бидејќи тие не веруваат во Семилосниот. Кажи: „Тој е Господарот мој, нема друг бог освен Него, на Него се потпирам и на Него Му се обраќам
31Кога би имало некаков Куран со кој планините би се покренале или земјата би се расцепкала или мртвите би се довикале; на Аллах Му припаѓа сè! А зарем немаат надеж и не знаат верниците дека Аллах, кога само би сакал, сите луѓе на Вистинскиот пат би ги упатил? А неверниците непрекинато несреќата ќе ги снаоѓа или пак во близина на нивните места ќе доаѓа, поради тоа што го прават – сè додека не се исполни Аллаховото ветување. Аллах сигурно ќе го исполни ветувањето
32И пред тебе Пратениците беа исмејувани, па Јас на тие што не веруваа време им оставав, и потоа ги казнував, а каква ли само беше Мојата казна
33Па зарем Тој што бдее над секого, што и да направи, е како тој што не е во состојба тоа да го направи? А на Аллах Му припишаа здруженици. Кажи: „Именувајте ги.“ Зарем вие сакате Него да Го учите, како Тој да не знае што има на Земјата, или вие само така ги нарекувате? На тие што не веруваат им изгледа убаво интригата нивна, и тие заталкале од Вистинскиот пат. А тој што Аллах ќе го остави во заблуда, нема да има некој на Вистинскиот пат да го упати
34Тие во животот на овој свет ќе бидат мачени, но страдањето на оној свет сигурно ќе биде потешко, од Аллах никој нема да ги одбрани
35Ваков џеннет им е ветен на тие што ќе се плашат од Аллах: градини со реки, со плодови кои секогаш ќе ги има и со трајна сенка; тоа ќе им биде награда на тие што ќе се чуваат од гревот, а на неверниците огнот ќе им биде казна
36Некои од тие на кои им ја дадовме Книгата се радуваат на сè што ти објавуваме тебе, но некои противници не признаваат нешто од Објавата. Кажи: „Мене ми е наредено само Аллах да Го обожувам и да не Му припишувам здруженик; кон Него повикувам и Нему Му се враќам.“
37И Ние така како мудрост го објавуваме (Куранот) на арапски јазик. А кога би им се покорувал на нивните желби откако ти дошло сознанието, ти не би имал ни заштитник ни бранител од Аллах
38И пред тебе сме испраќале Пратеници и жени и потомци сме им давале. И ниту еден Пратеник не донел никакво чудо од себе, туку со Аллахова волја. Секој период имал Книга
39Аллах укинувал што сакал, а оставал што сакал; кај Него е главната Книга
40Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било животот да ти го одземеме, твое е да објавуваш, а Наше е да бараме полагање на сметката
41Зарем тие не гледаат дека Ние Земјата им ја стеснуваме, намалувајќи им ги пограничните области? А Аллах суди! Никој не може Неговата пресуда да ја побие и Тој брзо ги израмнува сметките
42Интриги правеле и тие пред нив, само Аллах е Господар на сите интриги: Тој знае што заслужува секој. А неверниците сигурно ќе дознаат кого го чека најдоброто живеалиште
43Тие што не веруваат велат: „Ти не си Пратеник.“ Кажи: „Мене и вам доволен ќе ни биде Аллах како сведок, и тој што го има знаењето за Книгата.“
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath