12. Јусуф
1Елиф–лам–ра. Ова се ајети од Книгата јасна
2Ја објавуваме како Куран на арапски јазик, за да разберете
3Објавувајќи ти го овој Куран, Ние тебе ти кажуваме за најубавите случувања, иако пред него навистина не си знаел ништо
4Кога Јусуф му рече на својот татко: „О, татко мој, сонував единаесет ѕвезди, и сонцето и месечината, и во сонот ги видов како ми се поклонија.“
5Тој рече: „О, синко мој, не им го кажувај својот сон на браќата, за да не ти напакостат, шејтанот му е навистина отворен непријател на човекот.“
6И, ете така, Господарот твој тебе ќе те одбере, и за толкување на соништата ќе те научи, и благодатта Своја кон тебе и Јакубовото семејство ќе ја надополни, како што претходно ја надополни на предците твои, на Ибрахим и на Исхак. Господарот твој, навистина, е Мудар
7Кај Јусуф и кај браќата негови се наоѓаат поуки за сите што се распрашуваат
8Кога тие рекоа: „Јусуф и братот негов му се помили на нашиот татко од нас, а ние сме цела група. Нашиот татко очигледно греши.“
9Убијте го Јусуф или оставете го во некој предел, татко ви потоа вам ќе ви се посвети, и потоа добри луѓе ќе бидете
10Еден од нив рече: „Ако навистина сакате нешто да сторите, тогаш не го убивајте Јусуф, туку фрлете го на дното на некој бунар, ќе го земе некој караван.“
11„О, татко наш,“ - рекоа тие - „зошто не ни го довериш Јусуф? Ние навистина му посакуваме добро.“
12„Испрати го утре со нас да се забавува и да се разоноди, ние сигурно ќе го чуваме.“
13„Навистина ќе ми биде жал ако го однесете, а се плашам да не го изеде волк кога вие нема да внимавате на него.“ – рече Јакуб
14„Како ќе го изеде волк, а ние сме група?“ – рекоа тие - „Ние тогаш навистина би биле изгубени.“
15И кога го однесоа и одлучија да го фрлат на дното на бунарот, Ние му објавивме: „Ти за оваа постапка нивна ќе ги известиш, а тие нема да те препознаат.“
16И навечер плачејќи му дојдоа на својот татко
17„О, татко наш,“ – рекоа - „заминавме да се натпреваруваме, а Јусуф го оставивме кај нашите работи, па го изеде волк. А ти нема да ни веруваш, иако вистината ти ја говориме.“
18И ја донесоа кошулата негова, со лажна крв натопена. „Во вашите души изникна злобна мисла,“ - рече тој - „и јас нема да се жалам, барам помош од Аллах против ова што вие го изнесувате.“
19И дојде еден караван, па го испратија водоносецот свој и тој ја спушти кофата своја. „Види среќа!“ - викна тој - „еве едно момче!“ И тие како трговска стока го скрија, а Аллах добро го знаеше тоа што го направија
20И го продадоа за евтина цена, за неколку гроша; едвај чекаа да се ослободат од него
21И потоа тој од Египет, што го купи, ѝ кажа на жената своја: „Направи му го престојот пријатен! Може корисен да ни биде, а можеме и да го посиниме!“ И ете така Ние на Јусуф му дадовме убаво место на Земјата и го научивме да толкува соништа, а Аллах прави што сака, но повеќето луѓе не знаат
22И кога тој порасна, Ние со мудрост и со знаење го обдаривме; така Ние ги наградуваме тие што прават добри дела
23И почна да го наведува на грев таа во чија куќа беше тој, па ги заклучи сите врати и рече: „Пријди!“ „Аллах да ме сочува!“ - извика тој -„Газдата мој убаво се грижи за мене; а тие кои доброто ќе го возвратат со зло никогаш нема да успеат.“
24И таа го посакуваше него, а и тој ќе ја посакаше неа доколку од Господарот свој јасен знак не виде – така беше, за да ги одвратиме од него злото и блудот, бидејќи тој навистина беше Наш искрен роб
25И двајцата потрчаа кон вратата, а таа ја искина кошулата негова одназад, и мажот нејзин кај вратата го затекнаа. „Каква казна заслужува тој што сакаше на твојата жена зло да ѝ направи,“ – рече таа - „или зандана или болна казна?“
26„Таа се обиде мене да ме наведе на грев.“ - рече Јусуф. „Ако кошулата негова е искината од предната страна, тогаш таа ја говори вистината, а тој невистината,“ – посведочи еден човек од нејзиното семејство
27„а ако кошулата негова е искината од задната страна, тогаш таа лаже, а тој ја говори вистината.“
28И кога тој виде дека кошулата негова е искината од задната страна, рече: „Тоа е една од вашите интриги; вашите интриги се навистина големи!“
29„Ти, Јусуф, остави го ова, а ти барај прошка за својот грев, затоа што навистина беше грешничка!“
30И жените во градот почнаа да зборуваат: „Жената на управникот го навела момчето на грев, во него лудо се загледала! Ние мислиме дека навистина греши.“
31И кога таа слушна за нивното озборување, ги повика, па им подготви гозба, на секоја од нив ѝ даде нож и рече: „Излези пред нeго!“ А кога тие го погледаа, се восхитија на неговата убавина и по рацете свои се исекоа: „Боже, Боже!“ - извикнаа - „Ова не е човек, ова е благороден мелек.“
32„Е ова ви е тој поради кого ме прекорувавте.“ – рече таа - „Вистина е дека сакав да го наведам на грев, но тој ме одби. Ако не го направи тоа што го барам од него, сигурно ќе биде фрлен во зандана и понижен.“
33„Господару мој,“ - изговори тој - „помил ми е затворот од тоа кон што тие ме наведуваат! И ако Ти не ги одвратиш од мене интригите нивни, јас можам кон нив наклоност да почувствувам и незналец да станам.“
34И Господарот негов ја исполни молбата негова иго спаси од интригите нивни. Тој, навистина, сè слуша и сè знае
35Потоа им падна напамет, иако беа уверени дека е невин, за некое време да го фрлат во зандана
36Со него во зандана влегоа уште две момчиња. „Јас сонував дека цедам грозје.“ – рече еден од нив. „А јас, пак,“ - кажа другиот - „дека на главата носам леб кој птиците го колваат. Протолкувај ни го тоа, бидејќи гледаме дека си навистина добар човек.“
37„Ниту еден оброк со храна нема да ви биде донесен, а јас претходно да не ви кажам што ќе добиете.“ - рече Јусуф. „Тоа е само дел од тоа што ме научи Господарот мој, јас се чувам од верата на народот кој не верува во Аллах и кој не го признава оној свет
38и ја исповедам верата на предците свои, Ибрахим, Исхак и Јакуб; на нас не ни доликува на Аллах да Му припишуваме здруженик. Тоа е милоста на Аллах кон нас и кон останатите луѓе, но повеќето луѓе не се благодарни
39О, пријатели мои од занданава, дали се подобри разноразните богови или Аллах, Единиот и Семоќниот
40Тие кои наместо Него ги обожувате се само имиња кои сте им ги дале вие и предците ваши, Аллах за нив никаков доказ не објавил. Судот Му припаѓа само на Аллах, а Тој наредил само Него да Го обожувате. Тоа е единствената исправна вера, но повеќето луѓе не знаат
41О, другари мои од занданава, едниот од вас господарот свој со вино ќего пои, а другиот ќе биде распнат, па птиците главата ќе му ја колваат. Тоа за што прашавте е веќе одредено.“
42А на тој, од тие двајцата, за кого знаеше дека ќе биде спасен, му рече: „Спомни ме кај господарот твој!“ - но шејтанот направи тој да заборави да го спомне кај господарот свој, и Јусуф останавозанданите неколку години
43И владетелот рече: „Сонував како седум слаби крави изедоа седум дебели, и сонував седум класја зелени и седум други, исушени. О, великани, протолкувајте ми го сонот мој, ако знаете да толкувате соништа!“
44„Измешани соништа!“ – рекоа тие - „Ние не знаеме да толкуваме соништа.“
45И тогаш, по толку време, се сети еден од тие двајца, тој што беше спасен, и рече: „Јас ќе ви го протолкувам сонот, само испратете ме
46Јусуфе, о, искрен, протолкувај ни што значи: седум слаби крави изедоа седум дебели, и седум класја зелени и седум други, исушени, - па да се вратам кај луѓето за да дознаат.“
47„Седум години постојано ќе сеете,“ – рече, „па тоа ште ќе го пожнеете во амбари оставете го, освен малку од тоа, што ќе го јадете
48затоа што потоа ќе дојдат седум тешки (години) кои ќе го изедат тоа што за нив сте го подготвиле, ќе остане само малку од тоа што за сеење ќе го сочувате
49После тоа, ќе дојде година во која на луѓето во изобилство ќе им врнат дождови и во која ќе цедат.“
50И владетелот рече: „Донесете ми го!“ И кога на Јусуф му дојде гласникот, тој рече: „Врати се кај владетелот твој и запрашај го: Што е со жените кои си ги исекоа рацете? Сопственикот мој добро ги знае интригите нивни!“
51„Што точно се случило кога Јусуф сте го навеле на грев?“ - запраша владетелот. „Бог да чува!“ - рекоа тие - „Ние за него ништо лошо не знаеме!“ „Сега вистината ќе излезе на виделина,“ - рече жената на управителот - „јас го наведував на грев, а тој вистината ја говореше
52Исто така, тој (мојот сопруг) нека знае дека не сум го изневерила тајно, затоа што Аллах не дозволува да се остварат интригите на подмолните
53Јас не се правдам себеси, та душата е склона кон злото, освен таа на која Господарот мој ќе ѝ се смилува. Господарот мој навистина простува и Семилосен е.“
54И владетелот рече: „Донесете ми го, ќе го земам во мојата свита“, и откако поразговара со него, му рече: „Ти од денес кај нас влијателен и доверлив ќе бидеш.“
55„Постави ме“ - рече - „да водам грижа за стовариштата во земјата, јас навистина ќе ги чувам со знаење
56И така Ние на Јусуф му дадовме власт во земјата, престојуваше таму каде што сакаше; милоста наша Ние му ја даваме на тој што сакаме и не дозволуваме да пропадне наградата за тие што прават добри дела
57Анаградата наоној свет еподобра за тие штоверуваат иштосечуваат од гревовите
58И дојдоа браќата на Јусуф и влегоа кај него, па тој ги препозна, но тие него не го препознаа
59И кога ги снабди со потребната храна, рече: „Донесете ми го вашиот брат по татко. Зарем не гледате дека полна мерка давам и дека гостите најдобро ги примам
60Ако не ми го донесете, нема повеќе од мене храна да добиете и не ми доаѓајте.“
61„Ќе сепогрижиме некако однеговиот татко да го измамиме, навистина така ќе постапиме.“ - рекоа тие
62А Јусуф им рече на момчињата свои: „Ставете ги нивните работи во товарите нивни, па тие, кога ќе се вратат кај своите, ќе ги препознаат и пак ќе се вратат.“
63И откако му се вратија на својот татко, рекоа: „О, татко наш, повеќе храна нема да ни даваат. Затоа испрати го со нас братот наш за да добиеме храна, а ние навистина ќе го чуваме.“
64„Зарем да ви го доверам како што претходно ви го доверив братот негов?“ – рече тој. „Но Аллах е Најдобриот чувар и Тој е Најмилостивиот од милостивите!“
65А кога ги отворија товарите свои и видоа дека им се вратени работите нивни, рекоа: „О, татко наш, што можеме повеќе да посакаме? Еве, вратени ни се работите наши, и со храна семејството наше ќе го снабдиме, и братот наш ќе го чуваме, а и еден камилин товар храна повеќе ќе добиеме; тоа е незначаен товар.“
66„Јас нема да го испратам со вас,“ – рече - „додека цврсто не ми се заколнете во Аллах дека навистина ќе ми го вратите, освен ако не настрадате.“ И отакако тие му се заколнаа, тој рече: „Аллах е сведок за тоа што се договоривме!“
67„О, синови мои,“ – рече тогаш - „не влегувајте на една порта, туку на различни порти, а јас не можам да ве спасам од тоа што Аллах ви го одредил; власта Му припаѓа само Нему, јас во Него имам доверба, и само во Него нека имаат доверба тие што се доверуваат.“
68И кога влегоа така како што нивниот татко им нареди, тоа ни малку не им помогна за да бидат поштедени од тоа што Аллах веќе им го одредил, само се оставри желбата на Јакуб, која ја изврши, а тој навистина беше голем зналец, затоа што Ние го научивме, но повеќето луѓе не знаат
69Икога излегоа пред Јусуф, тој го прегрна братот свој на градите ирече: „Јас сум твојот брат и не тагувај поради тоа што тие го направија.“
70И откако ги снабди со потребната храна, стави една чаша во товарот на братот свој, а потоа еден гласник почна да вика: „О, караване, вие сте навистина крадци!“
71Тие им пристапија и ги запрашаа: „Што барате?“
72„Ја бараме чашата на владетелот.“ - одговорија - „Кој ќе ја донесе, ќе добие камилин товар храна. Јас гарантирам за тоа.“
73„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „вие знаете дека ние не дојдовме да правиме неред на земјата, и ние не сме крадци.“
74„А каква е казната ако не ја зборувате вистината?“ – запрашаа
75„Казната за тој во чијшто товар ќе се најде (чашата) е самиот тој!“ одговорија. „Ете така ние ги казнуваме неправедните.“
76И тој започна со вреќите нивни, пред вреќата на братот свој, а потоа ја извади чашата од вреќата на својот брат. Ние го подучивме Јусуф така да ја изведе измамата. Тој според законот на владетелот не можеше да го земе својот брат како роб, но можеше со дозвола од Аллах. Ние го воздигнуваме тој кого Ние сакаме, а над секој зналец е Сезнајниот
77„Ако украл,“ – рекоа тие - „па и претходно братот негов крадеше!“ И Јусуф не им рече ништо. „Вие сте во полоша положба,“ - си помисли во себе - „Аллах добро знае како беше тоа за што зборувате.“
78„О, управнику,“ - рекоа тие - „тој има многу стар татко, па земи еден од нас наместо него! Ние гледаме дека си добар човек.“
79„Чувај Боже,“ - рече - „да земе некој друг наместо тој кај кого го најдовме нашиот предмет! Тогаш навистина би биле неправедни!“
80И кога изгубија секаква надеж, се одвоија настрана за да се посоветуваат. „Зарем не знаете,“ - рече најстариот меѓу нив - „дека на својот татко му се заколнавте во Аллах, а и претходно Јусуф го упропастивте? Нема да ја напуштам оваа земја додека тоа мојот татко не ми го дозволи или додека Аллах во моја корист не пресуди, а Тој е најдобриот Судија
81Вратете му се на својот татко и кажете му: ,О, татко наш, синот твој украде; ние го тврдиме само тоа што го видовме, а ние не можевме да се сочуваме од тоа што беше судено
82Прашај во градот во кој престојувавме и карванот со кој дојдовме. Ние, навистина ја зборуваме вистината!“
83„Не е така,“ – рече Јакуб - „во вашите души изникна злобна мисла, и јас нема да се жалам, се надевам дека Аллах сè ќе ми врати; навистина, Тој знае сè и Мудар е.“
84И се сврте од нив и рече: „О, Јусуфе, таго моја!“ – а очите му побелеа од жал, беше многу потиштен
85„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „ти толку го спомнуваш Јусуф, што тешко ќе се разболиш или ќе умреш!“
86„Јас тагата своја и жалта своја пред Аллах ги изнесувам, а од Аллах го знам тоа што вие не го знаете.“ - рече тој
87„О, синови мои, одете и распрашајте се за Јусуф и за братот негов, и не губете надеж во Аллаховата милост; надежта во Аллаховата милост ја губи само народот невернички.“
88И кога тие влегоа кај него, рекоа: „О, управителу, нас и семејствата наши нè снајде неволја; донесовме мало количество вредни работи, но ти дај ни полна мерка и додели ни милостина, затоа што Аллах навистина ги наградува тие што даваат милостина.“
89„А знаете ли,“ - запраша тој - „што направивте непромислено со Јусуф и со братот негов?“
90„А ти да не си Јусуф?“ - повикаа тие. „Да, јас сум Јусуф, а ова е братот мој, Аллах ни ја подари милоста; кој ќе се плаши од Аллах и кој ќе биде трпелив – па, Аллах навистина нема да допушти да пропадне наградата на тие што прават добри дела.“
91„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „Аллах над нас те воздигна, а ние навистина згрешивме!“
92„Јас сега нема да ве прекорувам,“ - рече - „Аллах ќе ви прости, Тој е најмилостивиот од милостивите
93Оваа кошула однесете ја и на лицето на мојот татко ставете ја, и тој ќе прогледа, и целото свое семејство донесете ми го!“
94И кога карванот го напушти Египет, неговиот татко рече: „Јас навистина го чувствувам мирисот на Јусуф, само немојте да кажете дека сум станал сенилен.“
95„Се колнеме во Аллах,“ - рекоа тие - „ти исега како ипорано грешиш.“
96„А кога гласникот на радосни вести дојде, тој ја стави кошулата на лицето негово и тој прогледа. „Зарем не ви реков,“ - рече - „дека јас го знам од Аллах тоа што вие не го знаете?“
97„О, татко наш,“ рекоа тие - „замоли да ни се простат гревовите, ние навистина згрешивме.“
98„Ќе Го замолам Господарот свој да ви прости,“ - одговори тој - „затоа што Тој простува и Милостив е.“
99И кога излегоа пред Јусуф, тој ги прегрна родителите свои и рече: „Населете се во Египет, од секој страв, ако Аллах сака, ослободени!“
100И тој родителите свои ги стави на престолот и сите му се поклонија, па тој рече: „О, татко мој, ова е остварување на мојот некогашен сон. Господарот мој гоисполни. Аллах беше добар конмене когаме извади од занданата и вас од пустината ве донесе, откако шејтанот помеѓу мене и браќата мои раздор посеа. Господарот мој е милостив кон кого Тој сака, и Тој знае сè и Мудар е
101Господару мој, Ти ми даде дел од власта и ме научи да толкувам соништа! О, Создателу на небесата и на Земјата, Ти си Заштитникот мој и на овој и на оној свет; дај да умрам како муслиман и придружи ме со тие што се добри!“
102Ете, тоа се некои непознати вести кои Ние тебе ти ги објавуваме, а ти не беше со нив кога тие одлучија, и кога беа така лукави
103А повеќето луѓе, колку и да сакаш, нема да бидат верници
104Ти од овие не бараш награда за него (Куранот), тој е само опомена на сите светови
105А колку знаци има на небесата и на Земјата покрај кои проаѓаат, а од кои тие главите ги вртат
106Повеќето од нив не веруваат во Аллах, туку на Него здруженици Му припишуваат
107Зарем можат да бидат сигурни дека неволја, како казна од Аллах, нема да ги стигне или дека Часот суден нема да ги изненади, а тие тоа да не го ни забележат
108Кажи: „Ова е мојот пат, јас повикувам кон Аллах имајќи јасни докази, јас и секој што ме следи, и нека е Возвишен Аллах, јас не Му припишувам здруженик.“
109А Ние и пред тебе само мажи праќавме, граѓани на кои објавите им ги објавувавме. Зарем овие не патуваат по светот, па не гледаат како завршиле тие пред нив - а оној свет е навистина подобар за тие што ќе се плашат од Аллах – зарем нема да се опаметите
110А кога Пратениците за малку ќе ја изгубеа надежта и ќе помислеа дека ќе ги прогласат за лажливци, Нашата помош ќе им дојдеше. Ние ќе ги спасевме тие што сакавме, а казната Наша не го одминуваше злосторничкиот народ
111Во кажувањата за нив има поука за тие што се обдарени со разум. Куранот не е измислена приказна, тој ги признава Книгите кои се објавени пред него, и објаснува сè, и патоказ и милост е за народот што верува
извор: Macedonian Scholars
WEBREATH · 11:11
«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7
Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.
WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath