Исламот
назад

11. Хад

1Елиф–лам–ра. Ова е Книга чии стихови се усовршени, а потоа разјаснети, од Мудриот и Сезнајниот

2само Аллах да Го обожувате, - јас сум ви од Него (пратен) за да опоменувам и радосни вести да ви кажувам

3од Господарот свој прошка да барате и да се покаете, а Тој ќе ви даде до смртниот час убаво да проживеете и на секој крепосен заслужена награда ќе му даде. А ако грбот го свртите, па јас навистина се плашам за вас од страдањето на Големиот ден

4На Аллах ќе Му се вратите, а Тој може сè

5Ете, тие своите гради ги вртат, со желба од Него да се скријат. А и кога во рувото свое се замотуваат, Тој го знае тоа што го кријат и тоа што го покажуваат! Тој навистина ги знае мислите сечии

6На Земјата нема ниту едно живо суштество, а Аллах да не го храни. Тој знае каде кое ќе живее и каде погребано ќе биде. Сето тоа го има во јасната Книга

7Тој во шест временски периоди небесата и Земјата ги создаде, а Неговиот престол беше над водата, за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапи. Ако ти кажеш: „По смртта навистина ќе бидете оживеани.“, неверниците сигурно ќе кажат: „Ова не е ништо друго, освен очигледна измама!“

8Ако ние казната до одреден рок им ја одложиме, тие сигурно ќе кажат: „Зошто ја задржува?“ А оној ден кога ќе им дојде, нема да биде од нив отстранета и од сите страни ќе бидат опкружени со тоа што го исмејуваа

9Ако начовекот Нашата милост му ја пружиме, апотоаму ја ускратиме, тој паѓа во очај и станува неблагодарник

10Аакогоопсипеме соблагодaти поневолјата која го снашла, тој сигурно ќе рече: „Неволјите ме напуштија!“ Тој е навистина самобендисан и горделив

11А само трпеливите и тие што прават добри дела, ги чека прошка и награда голема

12Ти немој ништо да пропуштиш од тоа што ти се објавува, што ги мачи градите твои, за тие да не кажат: „Зошто не му е испратено некакво богатство, или зошто со него не дошол мелек?“ Твое е да опоменуваш, а за сè, само Аллах се грижи

13Зарем тие да велат: „Тој го измислува!“? Кажи: „Па направете вие десет, слични на Куранот, измислени поглавја, и кого сакате од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош викнете, ако е вистина тоа што го тврдите!“

14А ако не ви се одѕвијат, тогаш знајте дека тој се објавува само со Аллахово знаење и дека нема друг бог освен Него, па дали сте муслимани

15На тие што го сакаат животот на овој свет и убавините негови, Ние ќе им ги дадеме плодовите на нивниот труд и на него нема ништо да им се ускрати

16Нив на оној свет само оган ќе ги гори; таму нема да имаат никаква награда за тоа што на Земјата го правеле и залудно ќе им биде сè што направиле

17Зарем тој што го сака само овој свет е како тој на кого му е јасно кој е Господарот негов, на што се надоврзува и Куранот како сведок Негов, и уште пред него Книгата Мусаова, упатство и милост. Тоа се тие кои веруваат во неа. А тие групации кои го негираат, Огнот престојувалиште ќе им биде. Затоа, ти никако немој да се сомневаш во него, Тој е стварно вистина од Господарот твој, но мноштвото луѓе не сакаат да веруваат

18Има ли понеправеден од тој што за Аллах измислува лаги? Тие пред Господарот твој ќе бидат донесени, а сведоците ќе речат: „Овие измислувале лаги за Господарот свој!“ Аллаховото проклетство нека ги стигне злосторниците

19кои од Аллаховиот пат одвраќаат и за погрешен го прикажуваат; тие ни во оној свет не веруваат

20Тие на Земјата не можат на Аллах да Му избегаат, ниту пак освен Аллах, друг заштитник да имаат. На нив страдањето ќе им биде повеќекратно, затоа што не сакаa ни да чујат ни што било да видат

21тие сами себеси се упропастиja, а нема да ги има ниту тие кои ги измислуваа

22тие на оној свет сосема ќе бидат изгубени

23Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, и кои на Господарот свој ќе Му бидат верни, ќе бидат жители на џеннетот и во него вечно ќе останат

24Ова се два вида како слепи и глуви и како тој што гледа и слуша. А можат ли да се споредат? Па зошто не размислите

25И Нух го испративме на народот негов: „Јас сум тука, за отворено да ве опоменувам“ – им говореше тој

26„да не обожувате никој друг освен Аллах; јас навистина се плашам за вас од страдањето на Неподносливиот ден.“

27Главешините на народот негов, тие што не веруваа, рекоа: „Како што гледаме, ти си човек како и ние, а гледаме дека без никакво размислување те следат само тие кои се никој и ништо меѓу нас; и не гледаме дека вие сте подобри од нас, дури и мислиме дека сте лажливци.“

28„О, народе мој,“ – им велеше – „да видиме! Ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој од Себе ми дал веровесништво, а вие сте слепи за тоа, зарем да ве тераме против волјата ваша да признаете

29О, народе мој! За ова јас од вас не барам богатство, Аллах мене ќе ме награди. И јас нема да ги избркам верниците, тие пред Господарот твој ќе излезат; но јас гледам дека сте вие народ кој не знае

30О, народе мој! Кој би ме одбранил од Аллах кога јас би ги избркал? Зошто не се вразумите

31Јас не ви велам: „Јас ги имам Аллаховите ризници.“ - ниту: „Мене ми е познато невидливото.“ – ниту велам: „Јас сум мелек“, а не говорам ни за тие кои вашите очи со презир ги гледаат: Аллах никакво добро нема да им даде – а Аллах добро знае што е во душите нивни - бидејќи тогаш би бил неправедник.“

32„О, Нух, “ – рекоа тие – „ти сакаше со нас да се расправаш и долго се расправаше. Па нека се оствари тоа со што ни се закануваш, ако вистината ја кажуваш!“

33„Тоа ќе ви го сторам само ако Аллах сака,“ – рече тој - „и нема да можете да избегате

34Ако Аллах сака да ве остави во заблуда, мојот совет нема да ви користи, па колку и да сакам јас да ве советувам. Тој е Господарот ваш и Нему ќе Му се вратите.“

35Зарем тие да зборуваат: „Тој го измислува!“? Кажи: „Ако го измислувам, гревот на мене ќе падне, а јас немам ништо со тоа што вие ме клеветите.“

36И на Нух му беше објавено: „Освен тие што се веќе верници, никој повеќе од народот твој нема да стане верник, затоа немој да тагуваш поради тоа што тие постојано го прават

37и гради го бродот пред Нас ипо Нашевдахновение, ине Ми сеобраќај повеќе за неправедните – тие сигурно ќе бидат потопени!“

38И тој го градеше бродот. И кога и да поминуваа главешините на народот негов, му се исмејуваа: „Ако се исмејувате вие со нас,“ – им велеше тој - „ќе ве исмејуваме и ние вас, така како што вие нас нè исмејувате

39и ќе дознаете, навистина, кого ќе го снајде срамна казна и кој ќе биде во вечна мака.“

40И кога Нашата заповед падна и вода од површината на Земјата изби, Ние рековме: „Натовари на бродот од секој животински вид по еден пар, и чедата свои – освен тие за кои претходеше Зборот на одредението – и верниците!“ А малкумина беа тие што со него веруваа

41И тој рече: „Влезете си во него, во името на Аллах, нека плови и нека се закотви! Господарот мој навистина простува и Милостив е.“

42Итаа ги однесе на бранови големи како ридови и Нухгоповика својот син, кој беше издвоен: „О, синко мој, влези кај нас, немој да бидеш со неверниците!“

43А тој рече: „Ке се скријам на некоја планина, која од водата ќе ме заштити.“ „Денеска никој од Аллаховата казна нема да биде поштеден, освен оној кому Тој му се смилувал!“ – рече Нух, и бранот ги раздвои и тој се потопи

44Ибеше кажано: „О, земјо, голтај ја водата твоја, а ти, о, небо, престани!“ И водата се повлече и се исполни одредбата, а бродот се закотви на планината Ел Џуди, и беше кажано: „Нека е далеку народот кој прави неправда!“

45А Нух го замоли Господарот свој, велејќи: „Господару мој, синот мој е чедо мое, а ветувањето Твое е навистина вистинито и Ти си од мудрите Најмудриот!“

46„О, Нух, тој не е твое чедо,“ – рече Тој – „затоа што го прави тоа што не чини, затоа не моли Ме за тоа што не го знаеш! Те советувам да не бидеш незналец.“

47„Господару мој,“ – рече – „кај Тебе јас барам засолниште да не Те молам повеќе за тоа што не го знам! Ако не ми простиш и не ми се смилуваш, јас ќе бидам изгубен.“

48„О, Нух,“ – мубеше речено – „закотви се, со Нашпоздрав иблагослови за тебе и за народите кои ќе се изродат од овие кои се со тебе! Ќе има народи на кои ќе им даваме да уживаат, а кои потоа ќе ги снајде Нашата неподнослива казна!“

49Тоа се непознати вести кои Ние ти ги објавуваме; ниту ти ниту народот твој пред ова ништо не знаевте за тоа. Затоа биди трпелив, исходот навистина ќе биде во корист на богобојазните

50„И на Ад им го испративме братот нивен Худ. „О, народе мој,“ - говореше тој – „обожувајте Го Аллах, вие друг бог освен Него немате, вие само невистини изнесувате

51О, народе мој, јас не барам награда од вас за ова; мене ќе ме награди Тој што ме создаде! Зошто не се опаметите

52О, народе мој, молете Го Господарот свој да ви прости и покајте Му се, а Тој ќе ви праќа обилен дожд и ќе ви даде уште поголема сила од таа што ја имате, и не заминувајте како злосторници!“

53„О, Худ,“ – говореа тие – „не ни донесе никаков доказ, и ние само врз основа на твоите зборови нема да ги напуштиме божествата наши, ние не ти веруваме тебе

54Ние велиме само дека некое наше божество со зло те погодило. „Јас го повикувам Аллах за сведок,“ – рече тој - „а вие посведочете дека јас немам ништо со тоа што вие Му припишувате здруженици

55и против мене интриги смислете и ни малку време не ми давајте

56Јас се потпирам на Аллах, мојот и вашиот Господар! Нема ниту едно живо суштество, а да не е во Негова власт; Господарот мој навистина постапува праведно

57Па ако свртите грб - а јас ви го соопштив тоа што ви е по мене испратено - Господарот мој наместо вас друг народ ќе донесе, и вие со ништо нема да Му наштетите; Господарот мој навистина бдее над сè.“

58И кога дојде казната Наша, Ние со милоста Наша, Худ и верниците со него ги спасивме и од суровото страдање ги поштедивме

59Ете, тоа беше (народот) Ад, тој доказите на Господарот свој ги негираше и им беше непокорен на Пратениците свои, и застануваше зад секој инаетлив силник

60И проклетството на овој свет постојано беше со него, а ќе биде и на Судниот ден. Ад, навистина не веруваше во Господарот свој; далеку нека е Ад, народот на Худ

61И на Семуд – братот нивен Салих. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате! Тој од земјата ве создава и ви дава да живеете на неа! Затоа молете Го да ви прости и покајте Му се, затоа што Господарот мој, навистина е близу и се одѕива.“

62„О, Салих,“ - говореа тие - „ти пред ова кај нас беше ценет. Зошто ни забрануваш да го обожуваме тоа што предците наши го обожувале? Ние сериозно се сомневаме во тоа во што нè повикуваш.“

63„О, народе мој,“ - говореше тој - „да видиме: ако мене ми е јасно кој е Господарот мој и ако Тој самиот ми дал веровесништво, па кој ќе ме одбрани од Аллах ако не Го слушам, па вие само би ја зголемиле пропаста моја.“

64„О, народе мој, еве оваа Аллахова камила е знак за вас, па пуштете ја нека пасе по Аллаховата земја и не нанесувајте ѝ никакво зло, за да не ве стигне казна блиска.“

65Но, тие ја заклаа, па тој рече: „Ќе живеете во земјата своја само уште три дена, тоа е вистинита закана.“

66И кога дојде казната Наша, Ние со милоста Наша, Салих и верниците со него ги спасивме од срамот на тој ден; Господарот твој е навистина Моќен и Силен

67а тие што правеа неправда, ги погоди страшен глас и тие во својата земја осамнаа мртви, неподвижни

68како да на неа никогаш не ни постоеја. Семуд, навистина, во Господарот свој не веруваше; далеку нека е Семуд

69И на Ибрахим, мелеците Наши му дојдоа за да му донесат радосна вест. „Мир!“ - рекоа. „Мир!“ - одговори тој, и набрзо им донесе печено теле

70„И кога виде дека нивните раце не го допираат (телето), тој почувствува дека не се гости и го фати некаков страв од нив. „Не плаши се!“ рекоа тие, „Ние сме му пратени на Лутовиот народ.“

71А сопругата негова, стоеше тука, и Ние ја израдувавме со Исхак, па по Исхак со Јакуб, и таа се насмевна

72„Кутрата јас!“ - рече - „Зарем да родам вака стара, и овој мој сопруг е стар. Ова навистина е нешто необично!“

73„Зарем ѝ се чудиш на Аллаховата моќ?“ - рекоа тие - „Аллаховата милост и благословот Негов се за вас, веровесничко семејство. Тој е за благодарност Достојниот и Величествениот! “

74И бидејќи му помина стравот на Ибрахим и му дојде радосна вест, тој почна да се расправа со Нашите мелеци за народот на Лут

75Ибрахим навистина беше внимателен, многу Го молеше Аллах и Нему Му се обраќаше

76„О, Ибрахиме, остави го тоа, наредбата од Господарот твој стигна; нив ќе ги стигне неизбежното страдање!“

77И кога мелеците Наши дојдоа кај Лут, тој поради нив се најде во небрано и му падна тешко на душата, па рече: „Ова е мачен ден!“

78И народот негов поита кон него, а пред тоа правеа срамни дела. „О, народе мој!“ - кажа тој - „Ете ви ги моите ќерки132, тие ви се почисти! Плашете се од Аллах и пред гостите мои не срамете ме! Зарем меѓу вас нема разумен човек?“

79„Ти знаеш дека на нас не ни се потребни твоите ќерќи,“ - рекоа тие - „ти добро знаеш што сакаме ние.“

80„Ах, само кога би имал моќ,“ - рече тој - „или да можам да се потпрам на некој силен!“

81А мелеците рекоа: „О, Лут, ние сме гласници од Господарот твој. Тие тебе не можат да ти наштетат. Тргни ти со семејството свое доцна во ноќта, но без жената твоја, неа ќе ја снајде исто што и нив, и нека никој од вас не се врти назад! Рокот им се мугрите, а зарем мугрите не се блиску?“

82И кога падна наредбата Наша, Ние сè превртевме, тоа што беше горе - бидна долу, и на нив како дожд грутки од печена кал спуштивме, кои непрекидно сипеа

83обележено од Господарот твој, а тоа не е далеку од насилниците.“

84И на Медјен – братот нивен Шуајб. „О, народе мој,“ - говореше тој - „обожувајте Го само Аллах, вие друг бог освен Него немате, и погрешно ни на литар ни на кантар не мерете! Гледам дека во раскош живеете и се плашам еден ден казна да не ве снајде, па да настрадате

85О, народе мој! Исправно мерете, и на литар и на кантар, и не им ги ускратувајте на луѓето нивните работи, и не правете зло по земјата ширејќи неред

86Подобро ви е тоа кое Аллах го оставил како дозволено, ако сакате да бидете верници; а јас не сум ваш чувар.“

87„О, Шуајб,“ - говореа тие - „дали молитвата твоја бара од тебе да го напуштиме тоакое предците наши гообожуваа или да непостапуваме со имотите наши така како ни е волја? Е баш си паметен и разумен!“

88„О, народе мој,“ - говореше тој - „сфатете дека мене ми е јасно кој е Господарот мој и дека Тој ми дал сè во изобилство. Јас не сакам да го правам тоа што вам ви го забранувам; единствено сакам да правам добро колку што можам, а успехот мој зависи само од Аллах; на Него се потпирам и Нему Му се обраќам

89О, народе мој! Нека несогласувањето со мене никако не ве доведе до тоа да ве снајде тоа што го снајде Нуховиот народ, или Худовиот народ, или Салиховиот народ. А и Лутовиот народ не живееше многу пред вас

90И барајте прошка од Господарот свој, и потоа покајте Му се! Господарот мој, навистина е Милостив и полн со љубов.“

91„О, Шуајбе,“ - рекоа тие - „ние не разбираме многу од тоа што ти ни го зборуваш, а гледаме дека ти меѓу нас си немоќен; да не е семејството твое, ние би те каменувале, ти не си ни мил.“

92„О, народе мој,“ - рече тој - „зарем семејството мое ви е подраго од Аллах, Кој сосема Го отфрлате? Господарот мој добро го знае тоа што вие го правите

93О, народе мој, правете сè што можете, а ќе правам и јас. Вие сигурно ќе дознаете кого ќе го стигне казната којашто ќе го осрамоти и кој е лажливец. Па чекајте, и јас ќе чекам со вас!“

94И кога падна наредбата Наша, Ние од милоста Наша, Шуајб и верниците со него ги спасивме, а тие кои правеа неправда, ги погоди ужасен глас и тие во својата земја мртви и неподвижни осамнаа

95како никогаш да не ни постоеле на неа. Далеку нека е Медјен, како и Семуд

96И Муса му го испративме со знаците Наши и со доказот јасен

97на фараонот и на главешините негови, но тие се поведоа по наредбите на фараонот, а неговата наредба не беше разумна

98На Судниот ден тој својот народ ќе го предводи и во оган ќе го внесе, а ужасно е местото во кое ќе биде донесен

99На овој свет ги следеше проклетството, а ќе ги прати и на оној; страшен ќе биде подарокот со кој ќе бидат дарувани

100Ова се некои вести за градовите кои Ние ти ги кажуваме; некои од нив сè уште постојат, а некои се срамнети со земјата

101Ние не бевме неправедни кон нив, туку тие сами кон себе. И кога ќе паднеше наредбата од Господарот твој, воопшто не им помагаа божествата нивни на кои им се молеа покрај Аллах, туку само пропаста им ја зголемуваа

102Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства. Тој ги казнува, навистина, болно и страшно

103Тоа е поука за тие што се плашат од страдањето на оној свет, а тоа е Денот кога сите луѓе ќе бидат собрани и тоа е Денот кога сите ќе бидат присутни

104а ние го одложуваме само за некое време

105Тој ден кога ќе дојде, без Негово одобрение никој нема ни збор да изговори, а меѓу нив ќе има несреќни и среќни

106И несреќните ќе бидат во џехеннемот, во него тешко ќе вдишуваат и ќе издишуваат

107во него ќе останат сè додека постојат небесата и Земјата, освен ако Господарот твој неодреди поинаку. Господарот твој, навистина, прави што сака

108А среќните ќе бидат во џеннет сè додека постојат небесата и Земјата, во него ќе престојуваат, освен ако Господарот твој не одреди поинаку; тоа ќе биде дар кој непрекидно ќе трае

109Затоа не сомневај се во невистинитоста на тие кои овие ги обожуваат; тие ги обожуваат оние на кои предците нивни им се молеле. Ние навистина ќе им го дадеме тоа што го заслужиле, без намалување

110И на Муса му дадовме Книга, па за неа се подвоија во мислењата. Ида не е Зборот на Господарот твој порано изречен, со нив ќе беше завршено затоа што тие многу се сомневаат во неа

111И на сите нив Господарот твој според делата нивни ќе им плати, затоа што Тој добро го знае тоа што го правеа

112Ти оди по Вистинскиот пат, како што ти е наредено, и така нека постапативерниците коисесотебе, инемојте да бидете престапници, затоа што Тој добро гледа тоа што го правите

113И не стремете се кон тие кои постапуваат неправедно, па огнот да ве пече; вие немате други заштитници освен Аллах, инаку – ви нема помош

114И извршувај гонамазот (молитвата) напочетокотина крајот наденот, и во првите часови на ноќта! Добрите дела навистина ги поништуваат лошите. Тоа е поука за тие што сакаат поука

115И биди трпелив! Аллах навистина нема да ја ускрати наградата на тие кои прават добри дела

116А зошто во народите пред вас имаше само малку честити, кои забрануваа да се прави неред на Земјата, кои Ние ги спасивме?! А тие што правеа неправда му се препуштаа на тоа во коешто уживаа, и станаа грешници

117Господарот твој никогаш не ги уништуваше неправедно селата и градовите ако жителите нивни беа добри

118А Господарот твој да сакаше, сите луѓе следбеници на една вера ќе ги направеше. Меѓутоа, тие секогаш во верувањата ќе се разединуваат

119освен тие на кои Господарот твој ќе им се смилува. А затоа и ги создаде. И ќе се остварат зборовите на Господарот твој: Навистина ќе го наполнам џехеннемот со џинни и со луѓе – заедно

120А сите овие вести кои за поединечните случувања на Пратениците ти ги кажуваме, сè за да ти го зацврстиме срцето. И во нив ти дојде чистата вистина, и поука, и за верниците опомена

121И кажи им на тие што не сакаат да веруваат: „Правете сè што можете, и ние ќе правиме

122и чекајте, и ние ќе чекаме!“

123Аллах ги знае тајните на небесата и на Земјата и Нему сè Му се враќа, затоа само Него обожувај Го и само на Него потпирај се! А Господарот твој не го занемарува тоа што го правите

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath