Исламот
назад

10. Јунус

1Елиф-лам-ра. Ова се ајети од Мудрата Книга

2Зошто им е чудно на луѓето што Ние му објавуваме на еден од нив: „Опоменувај ги луѓето! А верниците израдувај ги со прекрасна награда кај Господарот нивен!“ Неверниците велат: „Тој е вистински маѓепсник!“

3Вашиот Господар е Аллах, Кој небесата и Земјата за шест временски периоди ги создаде, а потоа над Аршот се возвиши и Кој управува. Никој нема да може да се зазема за некого, без Негово одобрение. Ете тоа е Аллах, Господарот ваш, па само Него обожувајте Го! Зошто не размислите

4На Него сите ќе Му се вратите; Аллаховото ветување е вистинито; Тој навистина од ништо создава, и Тој повторно тоа ќе го повтори, за праведно да ги награди тие што веруваат и прават добри дела. А тие штонема да веруваат ги чека напивка одзовриена вода инеиздржливо страдање, затоа што беа неверници

5Тој Сонцето извор на светлината го направи, а Месечината сјајна, и положба ѝ одреди за да го знаете бројот на годините и сметањето. Аллах тоа мудро го создаде. Тој детално им ги предочува доказите на луѓето кои разбираат

6Во менувањето на ноќта и денот, и во тоа што Аллах на небесата и на Земјата го создаде, навистина постојат докази за луѓето кои се плашат од Аллах

7На тие што не очекуваат дека пред Нас ќе застанат и кои се задоволни со животот на овој свет, кои на него се смирени и тие кои кон нашите докази се рамнодушни

8престојувалиштето нивно џехенемот ќе биде, поради тоа што го правеле

9Тие што веруваат и прават добри дела, Господарот нивен ќе ги упати на Вистинскиот пат, поради тоа што веруваат. Реки ќе течат пред нив во градините на благодатите

10Нивната молитва во нив ќе биде: „Славен си Аллаху!“, поздравот нивен: „Мир со вас!“, а нивната последна молитва: „Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!“

11Да им дава Аллах на луѓето зло толку брзо како кога им се одѕива кога бараат добро, тие навистина би страдале. Но, Ние сепак ги оставаме во својата заблуда да талкаат тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат

12Кога човекот ќе го снајде неволја, тој ни се моли: или лежејќи или седејќи или стоејќи. А кога ќе го ослободиме од неволјата, тој продолжува, како никогаш да не Ни се обраќал со молба поради неволјата која го снашла. И така на неверниците, кои ги преминуваат границите, им се чини убаво тоа што го прават

13Ние ги уништувавме древните народи пред вас затоа што правеа неправда откако Пратениците нивни јасни докази им носеа. Но тие и така не би верувале. Така Ние го казнуваме народот злосторнички

14Ете затоа по нив, вас ве поставивме за наследници на Земјата, за да видиме како ќе постапувате

15А кога им се кажуваат ајетите Наши, кои се јасни, тогаш тие што не веруваат дека пред Нас ќе застанат, велат: „Донеси ти некој друг Куран или измени го!“ Кажи: „Незамисливо е јас сам од себе да го менувам, јас го следам само тоа што ми се објавува, јас се плашам да Му бидам непослушен на својот Господар од страдањето на Големиот ден.“

16Кажи: „Да не сакаше Аллах, јас немаше да ви го кажувам, ниту пак Тој ќе ве запознаеше со него. Та, јас пред пратеништвото помеѓу вас долго престојував, зарем не сфаќате?“

17Па има ли тогаш понеправеден од тој којшто за Аллах изнесува лаги или кој што Неговите докази ги смета за невистинити?! Злосторниците навистина нема да успеат

18Тие, покрај Аллах, ги обожуваат тие коинеможат да им наштетат ниту пак можат каква било корист да им донесат, и велат: „Ова се нашите заземачи кај Аллах.“ Кажи: „Како тоа на Аллах да Му кажувате дека на небесата и на Земјата постои нешто, а Тој знае дека не постои?!“ Тој е чист и многу високо над тие што Нему Му ги здружуваат

19Луѓето сочинуваа една заедница, а потоа се спротивставија еден против друг. А да не беше претходно изречениот Збор од Господарот твој, на нив веќе ќе им беше пресудено за тоа за што не се согласуваа

20Тие велат: „Зошто Неговиот Господар не му испрати некое чудо?“ Ти кажи: „Само Аллах знае што ќе биде, па почекајте и јас со вас ќе чекам.“

21А кога ние ќе им дозволиме на луѓето да ја почувствуваат милоста по неволјата која ги снашла, тие повторно на доказите Наши им се исмејуваат. Кажи: „Аллах е побрз во казнувањето; мелеците Наши навистина го запишуваат тоа што вие го сплеткарите.“

22Тој ви овозможува по копно и по море да патувате. Па кога стево бродовите, и кога тие со помош на благиот ветер ќе запловат со патниците, па тие му се радуваат на тоа; надојде ли силен ветер и брановите насрнат ли кон нив од сите страни, а тие ќе се уплашат дека ќе настрадаат, искрено Му се молат на Аллах: „Ако нè спасиш од ова, сигурно ќе бидеме благодарни!“

23А кога Тој ќе ги спаси, тие одеднаш без никаква основа прават неред на Земјата! О, луѓе, неправдата која ја правите за да уживате на овој свет само ви штети; потоа Нам ќе ни се вратите и Ние ќе ве известиме за тоа што го правевте

24Животот на овој свет е сличен на овоземското растение на кое Ние му спуштаме дожд од небото со кој тоа се измешува, со кое потоа се хранат луѓето и добитокот. И кога Земјата со своето руво ќе се украси и ќе се накити, и кога нејзините жители ќе помислат дека тие се господари на тоа, доаѓа заповедта Наша, ноќе или дење, и Ние тоа го покосуваме како претходно да не било ништо. Ете, така Ние детално им ги претставуваме доказите на народот кој сака да размисли

25Аллах повикува во Куќата на спасот131 и му укажува на Вистинскиот пат на тој кому Тој сака

26Тие што прават добри дела ги чека убава награда, и повеќе од тоа! Нивните лица нема да ги покрие ни црнило ни понижување, тие жители на џенетот ќе бидат, во него вечно ќе престојуваат

27А тие што прават лоши дела ги чека сразмерна казна за тоа што го сториле; нив понижувањето ќе ги прекрива, никој од Аллах нема да ги заштити, лицата нивни ќе бидат мрачни, како на нив да се спуштиле делови од темна ноќ, жители на Огнот тие ќе бидат, и во него вечно ќе престојуваат

28А на Денот кога сите ќе ги собереме, ќе им кажеме на тие кои на Аллах здруженици Му припишуваа: „Застанете вие и божествата ваши!“, па ќе ги раздвоиме, а божествата нивни ќе речат: „Вие нас не нè обожувавте

29Аллах ни е доволен сведок и нам и вам, ние навистина не знаевме дека нè обожувавте.“

30Тука секој ќе го дознае тоа што претходно го направил – ќе Му бидат вратени на Аллах, на својот вистински Господар, а нема да ги има тие што самите ги измислувале

31Запрашај: „Кој ве храни од небото и од земјата, чие дело се слухот и видот, кој го создава живото од неживото, а го претвора живото во неживо, и кој управува со сè?“ – „Аллах!“, ќе кажат тие, а ти кажи: „Па зошто тогаш не се плашите од Него

32Ете, тоа е Аллах, Господарот ваш вистински! Зарем по Вистината има нешто друго освен заблуда? Па тогаш каде се одметнувате?“

33Така ќе се остварат зборовите на Господарот твој, дека нема да веруваат тие што живеат во грев

34Кажи: „Дали може кое било ваше божество да создава од ништо и повторно тоа да го направи?“ Кажи: „Аллах создава од ништо и повторно тоа ќе го направи! Па тогаш каде се одметнувате?“

35Кажи: „Дали може кое било ваше божество да упати на Вистинскиот пат?“, и одговори: „Само Аллах упатува на Вистинскиот пат! Па дали тогаш е подостојно да се почитува Тој што на Вистинскиот пат упатува или тој што и самиот не е на Вистинскиот пат, освен ако некој друг на Вистинскиот пат не го упати? Што ви е, како расудувате?!“

36Повеќето од нив ги следат само претпоставките; но претпоставките не ѝ се нималку од корист на Вистината; Аллах навистина добро го знае тоа што тие го прават

37Овој Куран не е измислен, од Аллах е! Ја потврдува вистинитоста на предходните објави и ги објаснува прописите, во него нема сомнеж, од Господарот на световите е

38А тие велат: „Тој го измислува!“ Кажи: „Па дајте и вие едно поглавје како што му е нему објавено, и кого сакате, од тие во кои покрај Аллах верувате, на помош повикајте, ако вистината ја зборувате.“

39Тие негираат, пред темелно да дознаат што има во него, а сè уште не им дошло толкувањето негово; исто така негираа и тие пред нив, па погледни како завршија насилниците

40Има такви што веруваат во Него, а има и такви што не веруваат во Него. А Господарот твој, добро ги знае интригантите

41И ако тие те обвинуваат за лага, ти кажи: „Мене моите, а вам вашите дела; вие нема да одговарате за тоа што јас го правам, а јас нема да одговарам за тоа што вие го правите.“

42Има такви што доаѓаат да те слушаат. А можеш ли да направиш глувите да те слушнат, кои ни памет немаат

43А има такви што те набљудуваат. А можеш ли да ги упатиш на Вистинскиот пат слепите, кои ни разум немаат

44Аллах навистина нема никаква неправда на луѓето да им стори, луѓето сами си ја прават

45АнаДеноткогаТојќегисобере,ќеимсепристорикакодапрестојувале само еден час во денот, и едните ќе ги препознаат другите. Тие што негирале дека ќе застанат пред Аллах и што не оделе по Вистинскиот пат, ќе бидат изгубени

46Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било да ти ја земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле

47Секој народ имал Пратеник. И кога Пратеникот нивен ќе дојде меѓу нив, ним праведно ќе им биде пресудено, нема да им биде нанесено насилство

48Тие велат: „Кога веќе еднаш ќе биде таа закана, ако ја зборувате вистината?“

49Кажи: „Јас не можам ни на самиот себеси некаква корист да си сторам, ниту од себеси некаква штета да тргнам; се случува така како што сака Аллах!“ Секој народ има крај, и кога крајот негов ќе дојде, ни за момент нема да може да го одложи ниту да го забрза

50Кажи: „Кажете ми: доколку казната Негова ве стигне ноќе или дење, зошто тогаш злосторниците ја избрзуваат

51Зарем тогаш кога ќе се случи ќе поверувате во неа? Дури тогаш, а порано сте ја забрзувале?“

52Потоа ќе им се каже на тие што сториле неправда: „Искусете го вечното страдање; зарем се казнувате повеќе отколку што сте заслужиле?“

53Тие те потпрашуваат: „Дали е вистина дека тоа ќе се случи?“ Кажи: „Да, се колнам во Господарот мој, навистина е вистина, и вие нема да можете да ја одминете!“ земеме душата, Нам сè ќе ни се врати и тогаш Аллах ќе биде сведок за тоа што го правеле

54Кога неверникот би поседувал сè што постои на Земјата, сето тоа би го дал само за да се откупи. А кога тие ќе го доживеат страдањето, ќе ја сокријат тагата, и праведно ќе им биде пресудено, нема да им се стори неправда

55Аллахово е сè што е на набесата и на Земјата! Аллаховото ветување сигурно ќе се исполни, но повеќето од нив не знаат

56Тој, животот и смртта ги дава и Нему ќе Му се вратите

57О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците

58Кажи: „Па поради тоа нека им се радуваат на Аллаховата благодат и милост, тоа е подобро од тоа што го натрупуваат.“

59Кажи: „Кажете ми зошто некоја храна која Аллах ја дава, ја сметате за забранета, а друга за дозволена?“ Кажи: „Дали тоа Аллах ви го дозволил или изнесувате лаги за Аллах?“

60И што мислат тие кои изнесуваат лаги за Аллах, што ќе биде на Судниот ден? Аллах навистина е неизмерно добар кон луѓето, но повеќето од нив не заблагодаруваат

61И што и да правиш, и што и да кажуваш од Куранот, и каква било работа да правите, Ние над вас ќе бдееме, сè додека со тоа се занимавате. На Господарот твој ништо не Му е скриено ни на Земјата ни на небото, ни колку една тронка, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна

62Од ништо нека не се плашат и за ништо нека не тагуваат Аллаховите штитеници

63Тие кои ќе веруваат и кои ќе стравуваат од Аллах

64за нив се добрите вести и на овој и на оној свет - Аллаховите зборови никој не може да ги смени – тоа навистина ќе биде голем успех

65Нека не те растажуваат приказните нивни! Навистина, сета моќ Му припаѓа на Аллах; Тој сè слуша и сè знае

66Во Аллахова власт е сè штоенанебесатаина Земјата. А тие кои, покрај Аллах, им се молат на божествата, ги следат само претпоставките и се возгордејуваат

67Тој ви ја даде ноќта за во неа починок да имате, а денот за да гледате. Тоа се докази за луѓето кои слушаат

68Тие велат: „Аллах си зел дете за Себе!“ – Возвишен и чист нека е Тој! Тој не е зависен од никого! Сè што е на небесата и на Земјата Негово е! Вие за тоа никаков доказ немате. Зошто за Аллах го зборувате тоа што не го знаете

69Кажи: „ Тие што за Аллах изнесуваат лаги, нема да го постигнат тоа што го сакаат.“

70Кратко ќе уживаат на овој свет, а потоа Нам ќе ни се вратат и Ние ќе им дадеме да претрпат неиздржливо страдање, затоа што не веруваа

71Кажи им ја веста за Нух! Кога тој му рече на народот свој: „О, народе мој, ако ви здосади моето престојување меѓу вас имоетоопоменување со Аллаховите докази, а јас постојано се потпирам на Аллах, тогаш заедно со божествата свои одлучете и одлуката ваша нека не биде нејасна, потоа тоа над мене извршете го и не го одложувајте

72А ако ги свртите главите, па јас од вас не барам никаква награда, мене Аллах ќе ме награди, и мене ми е наредено да бидам муслиман.“

73Но, го нарекоа лажливец, па Ние во брод него и тие што беа со него ги спасивме и за намесници ги ставивме, а тие што доказите Наши не ги признаваа ги потопивме, па погледни како завршија тие кои на опомените не внимаваа

74Потоа Ние, по него, на нивните народи Пратеници им праќавме и тие јасни докази им носеа, но тие не сакаа да веруваат во тоа што претходно не го признаваа. Така Ние им ги запечативме срцата на тие кои ја преминуваат секоја граница во злото

75Потоа Ние, по нив, Муса и Харун им ги испративме со знаците Наши на фараонот и на главешините негови, но тие се возгордеаја, а тоа беше злосторнички народ

76когаод Нас Вистината им дојде, кажаа: „Ова естварно вистинска магија!“

77„Зарем за вистината која ви е дојдена велите дека е магија?“ – кажа Муса - „А маѓепсниците никогаш нема да успеат!“

78А тие рекоа: „Зарем дојде да нè одвратиш од тоа на што ги затекнавме предците наши, за на вас двајцата да ви припадне власта на Земјата? Е ние нема да ви веруваме на вас двајца!“

79И фараонот рече: „Донесете ми ги сите вешти маѓепсници!“

80И кога маѓепсниците дојдоа, Муса им рече: „Фрлете што имате да фрлите!“

81И кога тие фрлија, Муса извика: „Тоа што го приредивте е магија! Аллах ќе ја уништи, затоашто Аллах недопуштаделотонарасипаните да успее

82Аллах со Своите зборови ќе ја утврди вистината, иако за тоа на неверниците ќе им биде криво!“

83И никој не му поверува на Муса, освен малкумина од фараоновиот народ, од страв да не почнат да ги злоставуваат фараонот и главешините негови, а навистина фараонот беше насилник на Земјата и во злото секоја мерка ја преминуваше

84И Муса рече: „О, народе мој, ако верувате во Аллах, потпрете се на Него, ако сте муслимани!“

85„На Аллах се потпираме!“ – рекоа тие. „Господару наш, немој поради нас да сториш да дојдат во искушение луѓето кои прават насилство

86и спаси нè, со Својата милост, од народот кој не верува

87И Ние им објавивме на Муса и на братот негов: „На својот народ во Египет куќи изградете им и храмови направете ги и во нив молитвите извршувајте ги! А ти израдувај ги верниците!“

88И Муса рече: „Господару наш! Ти им даде на фараонот и на главешините негови богатство за во раскош да живеат на овој свет, а тие, Господару мој, заведуваат од патот Твој! Господару наш, уништи го богатството нивно и запечати ги срцата нивни, па нека не веруваат сè додека не го доживеат неиздржливото страдање.“

89„Услишана е молбата ваша!“ – рече Тој - „А вие двајца останете на Вистинскиот пат и никако немојте да ги следите незналците!“

90И Ние ги пренесовме синовите Израилови преку море, а зад петици им беа фараонот и војниците негови, прогонувајќи ги од злобност и непријателство. А тој, кога почна да се дави, извика: „Јас верувам дека нема друг бог освен Тој во Кого веруваат синовите Израилови и јас се покорувам!“

91Зарем сега, а претходно непослушен беше и раскол сееше

92Денеска ќе го сочуваме само телото твое, за да биде поучен пример на тие по тебе, но мноштвото луѓе се рамнодушни кон Нашите поуки

93И Ние синовите Израилови во убав предел ги населивме и со вкусна храна ги снабдивме, и дури тогаш кога им дојде вистинското сознание, тие се подвоија во мислењата. А Господарот твој сигурно ќе им пресуди на Судниот ден за тоа за што се подвоија

94Ако се сомневаш во тоа што ти го објавуваме, запрашај ги тие што ја читаат Книгата што е пред тебе објавена. Тебе Вистината од Господарот твој ти доаѓа и никако немој да бидеш од тие што се сомневаат

95И немој никако да бидеш од тие што Аллаховите докази не ги признаваат, за да не бидеш изгубен

96А тие на кои ќе им се оствари Зборот од Господарот твој, навистина нема да веруваат

97дури и да им дојдат сите докази, сè додека не доживеат неиздржливо страдање

98Зашто немаше ниту еден град кој поверува и на кој верувањето негово му користеше, освен на народот Јунусов, на кој кога поверува, срамното страдање од животот на овој свет им го отстранивме и уште некое време да уживаат им дадовме

99Господарот твој да сака, на Земјата сите би биле верници. Па зошто тогаш ти да ги тераш луѓето да бидат верници

100Ниту еден човек не е верник без Аллаховата волја; а Тој ги казнува тие што не сакаат да размислат

101Кажи: „Набљудувај го тоа што е на небесата и на Земјата!“ А од никаква корист нема да им бидат доказите и опомените на народот што не сака да верува

102Зарем тие чекаат да ги снајде нешто слично на тоа што ги снашло тие кои пред нив биле и исчезнале? Кажи: „Па чекајте, и јас со вас ќе чекам!“

103Потоа ги спасувавме Пратениците Наши и тие што веруваа. Ете, Нашата должност е така да ги спасиме верниците

104Кажи: „О, луѓе, ако вие се сомневате во исправноста на мојата вера, па јас нема да ги обожувам тие кои вие, покрај Аллах, ги обожувате, туку ќе Го обожувам Аллах, Кој ќе ви ги земе душите! Мене ми е наредено да бидам верник

105и: „Предај ѝ се на вистинската вера искрено, и никако немој да им бидеш поклоник на киповите

106и, покрај Аллах, не моли му се на тој што не може ни да ти користи ни да ти наштети, зашто кога би го направил тоа, навистина би бил неверник!“

107Ако Аллах ти даде некаква неволја, никој освен Него не може да ти ја отстрани, а ако ти посака добро, па никој не може да ја спречи Неговата благодат; Тој со неа наградува кого сака од робовите Свои. Тој простува и Милостив е.“

108Кажи: „О, луѓе, Вистината ви доаѓа од Господарот ваш, и тој што се упатил на Вистинскиот пат, за свое добро се упатил, а тој што тргнал на погрешниот пат, на своја штета тргнал, а јас не сум овластен над вас.“

109Ти следи го тоа што ти се објавува и биди трпелив додека Аллах не пресуди, Тој е најдобриот судија

извор: Macedonian Scholars

WEBREATH · 11:11

«If you are thankful, I will give you more» — Quran 14:7

Breath is one for all: everyone lives by it, whoever they are and whatever they believe. Every day at 11:11 local time people stop for sixty seconds, breathe, and thank GOD for the breath — each in their own words, each within themselves. In that minute we are One Breath.

WEBREATH — the Minute at 11:11, your own local time — we are One Breath